Поставен камен темелник на фабрика за автобуски каросерии во Штип

Bez autora
Apr 23 2014

Камен темелник на новата фабрика за автобуски каросерии поставен е во средата во индустриската зона Запада, во Штип. Фабриката ја гради штипската фирма „Актива“ во соработка со белгискиот гигант „Ванхол“. На церемонијата денес беше присутен и тим на луѓе од „Ванхол“ предводен од директорот Филип Ван Хол. Иле Наков, директор на „Актива“ изјави дека новата фабрика за автобуски каросерии ќе ја промени и сликата за Штип како град на текстилот затоа што отвора можности и други инвеститори да влезат во областа на металната и машинската индустрија.

Поставен камен темелник на фабрика за автобуски каросерии во ШтипКамен темелник на новата фабрика за автобуски каросерии поставен е во средата во индустриската зона Запада, во Штип.

Фабриката ја гради штипската фирма „Актива“ во соработка со белгискиот гигант „Ванхол“. На церемонијата денес  беше присутен и тим на луѓе од „Ванхол“ предводен од директорот Филип Ван Хол.

Иле Наков, директор на „Актива“ изјави дека новата фабрика за автобуски каросерии ќе ја промени и сликата за Штип како град на текстилот затоа што отвора можности и други инвеститори да влезат во областа на металната и машинската индустрија.

„Локацијата опфаќа површина од 70.000 м/2 со можност за 120.000 м/2. Планирани се две фабрики од по 16.000 м/2 ,значи вкупна површина од 32.000 м/2. Првата фабрика ќе се гради во две фази. Во првата фаза, ќе се прави халата за делот за металните конектори, со површина од 8000 м/2 а по завршување на истата во септември и втората фаза со уште 8000 м/2. Инвестицијата е вредна три милиони евра од кои милион евра се средства на „Актива“ а два милиона евра се кредит од Комерцијална банка-Штип“, рече Наков.

Наков напомена дека зад „Актива„“ стојат бројни успешни проекти а пресудно за изградбата на оваа фабрика бил ангажманот на неговата фирма во конструкцијата на првата фабрика на „Ванхол“ во Бунарџик, каде се прозиведуваат автобуси. Навремената работа, била гаранција дека белгијците имаат работа со сериозна фирма и одговорни луѓе.

Според  Филип Ванхол, пријателството е најважен сегмент кога е во прашање партнерството со „Актива“ , бидејќи се покажало дека освен бизнисот, има работа со вистински пријатели.

„Кога за прв пат се запознавме во пролетта 2011, ни не помислувавме дека еве денес ќе ставаме камен темелник на нова фабрика.  Ние сме семејна фирма, исто како и „Актива“ и слично на Иле, и нашиот татко повеќе од времето го поминуваше во производните хали . Ова е голем момент и за нас и ние едвај чекаме да почнеме со работа. Ние сега извезуваме за американскиот пазар, но со оваа фабрика го почнуваме и освојувањето на европските пазари“, рече Ванхол.

Според градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, штипска „Актива“ е гордост за градот:

„Ние како општина од прв момент ја поддржавме идејата за отворање на ваква фабрика. Одделението за урбанизам експресно ја изработи сета документација за да се овозможи влез на Ванхол и можам да им кажам дека не погрешија што за партнер ги избраа „Актива“ бидејќи тоа е фирма на посветени работници и беспрекорни домаќини“, истакна Захариев .

Првата фаза од фабриката треба да биде завршен за 4-5 месеци, рокот е до септември годинава, но со оглед на тоа што „Актива“ работи со сопствена механизација, можно е и предвремено завршување на фабриката.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik